Пола публиката, пола жирито ќе одлучи кој ќе пее на Евросонг во Италија: МРТВ го објави конкурсот

МРТВ го објави конкурсот за избор на претставник и песна со која земјава ќе настапи на Евросонг 2022 година во Торино, Италија. Конкурсот е отворен до 16 јануари 2022 година.

Националниот сервис информира и дека од оваа година го напушта стариот модел на избор на евровизиски претставник – еден пејач и песна кои интерно се избира и ќе се организира натпревар на кој ќе се отпеат шест компизиции. За победникот подеднакво ќе решава публиката и меѓународно стручно жири.

– Од сите пристигнати композиции на конкурсот, МРТ ќе ги избере најдобрите, но не повеќе од шест композиции. Избраните композиции ќе ѝ бидат јавно презентирани на публиката, која по пат на транспарентно гласање ќе учествува во изборот на нашиот претставник за Евросонг 2022.
Резултатот од гласањето на публиката ќе обезбеди 50 отсто од вкупните гласови, а преостанатите 50 отсто ќе бидат обезбедени од меѓународно стручно жири – велат од МРТ.

Право на учество на конкурсот имаат сите изведувачи и автори-државјани на Македонија. Во авторско-изведувачкиот тим, право на учество имаат и автори вон нашата држава, додека изведувачите подлежат на обврската задолжително да се наши државјани.

Согласно со правилата на ЕБУ, предлог-композициите задолжително се во траење до најмногу 3 минути и во ниту еден случај не смеат да бидат претходно објавени или јавно изведени.

На победникот ќе му се доделат 2.000 евра, за финална постпродукција и на новиот концепт за изборот

Scroll to Top