Полицијата уапсила лажен Дел Бој

Сообраќајната полиција од Норфолк запрела возач со лажна возачка дозвола на име Дел Бој, познатиот актер од популарната хумуристична британска серија „Сплетки“, пишува „Индипендент“.

Сообраќајците од Норфолк го запреле зеленото „рено меган“ и го пријавиле возачот затоа што немал осигурување и возачка дозвола. Им паднал во око лажниот документ, на кој имало фотографија од главниот лик на серијата. Наведен бил датумот на раѓање, 30 август 1958 година, а и податокот дека сопственикот на дозволата може да вози само возила на три тркала.

Возачот нема да сноси никакви последици поради лажниот документ, навела полицијата, затоа што документот не е направен за да измами некого, туку, како што велат од полицијата, го сфатиле како еден вид шега.
Портапролот на полицијата подоцна истакнал дека момчето кое имало околу дваесетина години, сепак ќе се појави пред судот поради други прекршоци.

 

Scroll to Top