Полицијата уапсила стадо овци, а стопанот морал да плати и казна

Необична задача имаа припадниците на литванската полиција кога во еден град во централниот дел на земјата во текот на една ноќ морале да приведат стадо од 35 овци.

Малку како полицајци, повеќе како пастири, го спровеле избеганото стадо во дворот на полициската станица каде што овците ја поминале ноќта со цел да не го загрозат сообраќајот на локалниот пат.

Се утврдило дека овците побегнале низ дупката во оградата од околниот имот, а сопственикот на инаку големото стадо не ни забележал дека неколку овци му недостигаат.

Бил изненаден кога полицијата го известила дека неговите овци ја поминале ноќта во станица. Тој е казнет со 15 евра поради занемарување на животните.

 

 

Scroll to Top