Половина милион удари од гром забележани во Европа за два дена

Според истражувањата на метеоролозите, во последните 48 часа забележани се повеќе од милион удари на громови во Европа.

Поконкретно, забележани се повеќе од 566.000 удари на молскавици на подрачјето на цела Европа, а како што може да се забележи на една фотографијата направена од страна на сервисот Severe Weather Europe, добар дел е забележан над источна Европа.

Во делови од Балканот, најголем дел од Хрватска и Србија, кои беа погодени од силно невреме, беше нанесена голема штета.

Многу корисници на „Фејсбук“ коментирале и објавиле голем број молскавици, а еден коментатор бил убеден дека во прашање е крајот на светот.

 

Scroll to Top