Фотографот на агенцијата AP, Џеф Виденер, кој ја направи фотографијата на плоштадот Тјенанмен која ги одбележа протестите во Кина од пред 30 години, вели дека прво се изнервирал затоа што мислел дека човекот кој му влегол во кадар, ќе му ја уништи композицијата. Не помислил дека истата ќе стане една од најзначајните во историјата.
Во тие протести многу луѓе ги изгубија сопрузите, сопругите, децата. Три децении подоцна, роднините на жртвите и понатаму ја бараат вистината за овој настан, најголемото табу во историјата на современа Кина. Тие протести засекогаш биле одбележени од фотографијата на Џеф и човекот со ќеси во рацете, кои застанал пред тенковите.
На 5 јуни 1989 година кинеските трупи насилно се обиделе да ги растурат продемократските протести кои се случувале на централниот плоштад Тјенанмен во Пекинг и кои траеле повеќе од месец дена. Џеф во Пекинг бил недела дена за да ги сними демонстрациите.
„Демонстрантите на 4 јуни ме погодија со камен во главата. Бев настинат. Бев прилично болен и повреден во моментите кога го фотографирав човекот пред тенковите. Снимав од балконот на шестиот кат во хотел во Пекинг“, раскажува Џеф.
Овој хотел го има најдобриот поглед на плоштадот, кој тогаш бил под воена контрола. Американскиот студент Кирк Мартсен му помогнал на Џеф да влезе во него. Од тој балкон, Џеф гледал како човекот се спротивставува на колоната тенкови, како стои точно пред нив. Тенкот запрел и се обидел да го заобиколи, но човекот го блокирал.
Во еден момент човекот со кесите се качил на тенкот и се чини дека зборувал со некој кој е внатре во возилото.
„Бев еден километар оддалечен од тенкот така што не можев ништо да слушнам“, изјавил Виденер. Набљудувачите на краот го трнале човекот. Никогаш не е откриено што се случило со него потоа. Војниците од тој јуни ги загушиле протестите на студентите и работниците кои побарале да се стави крај на корупцијата.
„Сите мислеа дека војската никогаш не би отворила оган. Тоа беше незамисливо. Бевме во период на мир. Луѓето ги поддржуваа барањата кои се однесуваа на борбата против корупцијата, бирократијата, инфлацијата. Имаа симпатии кон нив. Им носеа да јадат и пијат“, вели Ју Веји чиј сопруг загинал во протестите иако не бил дел од нив.
Во ноќта на 3. јуни неа и сопругот Јанг Минг се разбудиле околу полноќ, од пукотниците кои допирале од далечина. Војниците и тенковите пристигнувале од предградието на плоштадот во средиштето на градот, пукајќи на цивилите кои се нашле на улиците.
„Се загрижвиме за студентите. Сакавме да отидеме таму за да се увериме дека ништо нема да им се случи. Но, нашиот син имаше само пет години. Мојот сопруг отиде сам“, раскажува Ју.
Утдедента го најдов тешко ранет во болница полна со крвави луѓе. Луѓе во солзи со повреди од главата до стапалата. Пред да почина два дена подоцна, на 42 годишна возраст, сопругот и раскажал дека бил погоден од куршум недалеку од плоштадот Тјенанмен, каде војниците пукале на слепо.
„Кога излегов од болницата, видов сцена која никогаш нема да ја заборавам. На секоја раскрсница војниците држеле оружје насочено во сите насоки. Луѓето стоеле, ги гледале во тишина“, раскажува Ју.
Точниот број на мртви засега не е познат. Два дена по злосторството, владата објавила дека го уништила контрореволуционерниот бунг и дека имало над 300 мртви, вклучувајќи и војници. Поранешниот британски амбасадор во Кина, тврдел дека имало над 10.000 мртви, кинескиот Црвен крст излегол со бројка од 2700, а општата прифатена бројка, темелена на податоци од болниците, изнесува меѓу 400 и 1000 мртви.
🇨🇳📖 This is Bao Pu @NewCenturyBaopu, a student during China’s Tiananmen crackdown and now a book publisher releasing never-before disclosed Communist Party documents for #Tiananmen30 #六四 #June4th
More @business: https://t.co/JJrHYMiayn pic.twitter.com/fYlfrj0yqC
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) June 1, 2019
Владата наредила тишина. Настанот речиси никогаш не се споменува во медиумите, на интернет, во книгите, школските учебници и филмовите, освен во ретки случаи кога се опишува некој политички немир од 1989 година. За тоа не може да се зборува по дома, во кругот на семејството и меѓу пријателите.
„Нивната најголема желба е да се избрише сеќавањето на репресијата. Нашите и сеќавањата на сите луѓе на Земјата“, изјавил Ву Дингфу, пензионер кој тогаш останал без својот 20 годишен син.
Тој студент кој бил вљубен во фотофирањето, штрајкувал со глад за време на протестот. Бил пронајден мртов на 4 јуни, откако излегол од кампусот, веројатно за да фотографира, вели неговиот татко.
#TELE Fears for future of Hong Kong’s Tiananmen museum as activists face crackdown ahead of anniversary https://t.co/Rk1h49avzN
— Hong Kong Stream (@hkstream) June 1, 2019
Од синот му остнаале само пепелта, членската карта од библиотеката и неколку стари фотографии. Негов другар кој скришно го снимил, го прикажува телото на Ву Гуофенг во болница. Момчето лежи на дрвен кревет, со отечено лице и крвави нозе. Неговите родители никогаш не добиле официјално соопштение.
„30 години подоцна владата и понатаму молчи. Репресијата од тој 4 јуни засекогаш ќе остане голема лузна и болк. И за нив и за нас“, вели Дингфу.