Поплавата која стигнува, ќе ни донесе река на лешеви

„Добрите луѓе ќе преживеат, а оние злите, тие сигурно ќе пропаднат. Многу луѓе ќе умрат. А потоа ќе завладее бесмртност“, рекла Баба Ванѓа.

Баба Ванѓа чие вистинско име е Вагелиа Пандева Димитрова Гуштерова, е родена на 31 јануари 1911 година во Струмица.

Според народното верување и голем број на сведоштва, таа ги предвидела најважните светски настани, а меѓу нив голем број на катастрофи.

Меѓу останатото, останала и запишана нејзината приказна за големата поплава.

„Големата поплава која стигнува во доцната пролет, ќе донесе река од лешеви. А кога ќе помислиме дека најлошата ноќна мора минала, стигнува страшна болест. Ќе биде полоша од сидата, а ќе ги покоси сите мажи. Ова го рекла Баба Ванѓа кратко пред нејзината смрт во едно од последните интервјуа на украинскатата бизнимсен Анатолија Лубченку.

Таа ја посетила Ванѓа во 1994 година, кога веќе била исцрпена од борбата со тешката болест. Со нејзиното пророштво тогаш таа најавила мрачна 2014 година. Иако Ванѓа не прецизирала кога низ светот ќе потече реката со лешеви, експертите сметаат дека станува збор за низа на апокалиптични појави кои ќе доаѓаат од година во година и ќе носат се пред себе. Јуни 2014 година, навистина се случи незапаметена катастрофа. Реки носеле куќи, уништиле автомобили и речиси се што имале луѓето. Изразот на нивните лица говорел се.

„Трагедијата е преголема. Тука нема пат, нема куќа, автомобилите се превртени еден врз друг“, велел тогашниот градоначалник на градот Варна, за познатото бугарско летувалиште.

Тие дена преживувале ноќна мора.

 

Потопот бил страшен, библиски, невиден. Зафатил голем дел од Бугарија. Ванѓа го предвидела имала право. Само два месеци претходно, сличен хаос бил проживеан во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. На жителите како да се срушила целата тежина од овој свет, и тоа само во неколку дена.

Човечноста, сепак во овој случај, ја потопо трагедијата. Луѓето си помагаа едни со други. Поради потопот луѓето повторно биле луѓе. Собрани во контејнери си помагаа едни со други, си делеа парче леб, децата повторно се дружеле.

Светот како повторно да беше таков каков што требаше да биде. Полн со хуманост и братска љубов. Полицајци, пожарникари, војници, комшии, газеа по вода и го спасуваа секој кој можеше да биде спасен. Од пиле до човек. Едни гинеа за други. А токму тоа на светот му е потребно, вели Баба Ванѓа.

Му недостига заедништво.

 

Scroll to Top