Попови на мотори на календар за 2018 година

By

Руското здружение на мотоциклисти на попови одлучи да објави календар за 2018 година, на кој се потрудиле да прикажат единство на побожност и љубов кон моторите.

Календарот го добил името „Твоите патишта“, а на фотографиите православните свештеници позираат покрај своите миленици.

На својот профил на социјалните мрежи минатата недела објавиле дека целта им била секојдневните моменти на свештените лица да ги прикажат и во поинакво светло.

„Ние ги сакаме моторите и возиме по истите патишта како и вие“, му порача друштвото на народот.

Како што тврдат од ова друштво, има повеќе од 50 мотоциклисти меѓу православните попови во Русија.

Да потсетиме, пред две години светот се запозна со уште еден необичен календар, а тоа е календарот на попови со нивните „мачки“.

 

Ќе ви се допадне