Поради местење избори, цела земја останала без интернет 48 часа

Подводниот кабел долг 17.000 километри што овозможува размена на податоци меѓу Европа и западниот брег на Африка (ACE) е пресечен на 30 март оваа година поради што жителите на Сиера Леоне целосно изгубиле пристап до интернет.

Исто така биле погодени и жителите од Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Гвинеја, Либерија и Гамбија, пренесува „Дајн“ – компанијата за интернет и инфраструктура во сопствеништво на компанијата „Оракл“. Afrikan kost to Europe (ACE) со кабел поврзува 22 држави од Африка до Франција.

Засега не е познато како е пресечен кабелот, но изгледа дека владата во Сиера Леона целосно го исклучила интернетот во ноќта меѓу 31 март и 1 април во обид да влијае на изборите.

„Најдолгиот прекин е забележан во Мавританија, каде што прекинот на интернетот траел околу 48 часа, по што врската делумно била обновена“, вели Дејвид Белсон.

Прекинот јавно покажува што може да значи едно обично пресекување на кабелот. Околу 97% од сите меѓународни податоци се пренесуваат со такви кабли, се наведува во форумот на Азиско-пацифичката економска соработка. Британските и американските воено-известувачки официјални лица често предупредуваат дека малку е направено за обезбедување на каблите и дека руската морнарица наводно константно спроведува активности во нивна близина, пишува „Бизнис инсајдер“.

Во Египет во 2013 година уапсени се три нуркачи кои имале намера да ги прекинат подводните кабли.

„Според најлошото можно сценарио за напад на инфраструктурата на подводните кабли од страна на непријателски сили, целосно губење на врската би можело да доведе до катастрофални последици, но дури и ограничената саботажа има потенцијал да предизвика сериозни економски потешкотии и да ја загрози воената комуникација“, изјави пензионираниот адмирал на американската морнарица Џејмс Ставридис.

„Руската морнарица детално спроведува активности во длабочините на северниот Атлантик“, додава тој.

Прекинот на интернетот во Мавританија веројатно ќе биде предмет на истрага на воени стратези, како пример за последица од исклучување на една земја од мрежата со пресекување на нејзините интернет-кабли.

 

Scroll to Top