Премиерот на Холандија, Марк Руте, не можел да ја посети неговата мајка на смртна постела, поради забраната за движење, воведена поради коронавирусот.
Ваквата вест ја соопштија од неговиот кабинет, наведувајќи дека Руте, ја почитувал забраната за посета на домот за стари лица, каде била сместена мајка му.
Во една од таквите установи во Хаг, на 13. мај, почина Мика Руте Дилин (96), мајката на Марк Руте, за што пренесоа медиумите во Холандија.
„Премиерот се придржуваше на сите упатства и препораки“, изјавил неговиот портпарол.
Како што наведуваат холандските медиуми, мајката на Рут починала како последица на заразата од коронавирус, иако вирусот веќе се појавил од претходно во домот во кој таа престојувала.
Рестриктивните мерки воведени во Холандија, поради „Ковид-19“, не биле толку строги како во многу други европски земји, а бројот на заразени изнесувал 45.445 лица, додека починати биле 5830 лица.