Поранешна мис на Уругвај пронајдена мртва

Фатими Давил, поранешната мис на Уругвај, е пронајдена мртва во бањата во хотелската соба во Мексико каде што престојувала. Тамошната полиција го пронашла телото, а од локалното обвинителство ги истражуваат околностите поврзани со овој случај и се во фаза на утврдување дали станува збор за убиство или самоубиство.

Давил била поранешен претставник на Уругвај на натпреварите за мис во 2006 и 2008 година.

„Засега е утврдено дека жената во Мексико Сити допатувала на 23 април. Нејзин познаник ѝ помогнал да се смести во апартманот во хотелот во пресрет на закажаниот разговор за работа“, навеле од обвинителството.

Мексико бележи цела низа  смртни случаи на жени од странство. Во последните неколку месеци локалните власти уапсиле голем број трговци на жени.

Голем број  жени се измамени со лажни понуди за работа како модели во модната индустрија, а на крајот завршуваат како жртви во синџирите на трговија со секс, киднапери и се присилени на проституција.

Пред неколку дена учесничка на натпреварувањето за мис на Франција Морган Роланд (22) настрада откако била прегазена од трактор.

 

https://reporter.mk/gjuture/traktor-pregazi-manekenka/
Scroll to Top