Поранешната мис на Југославија и познатиот шеик го чекаат четвртото дете

Поранешната српска манекенка Јелена Бин Драи, која популарноста ја стекна како носител на титулата мис на Југославија, со нејзиниот сопруг, познатиот шеик Саид Бин Драи, го чекаат четвртото дете.

Како што пишува српскиот магазин Story, Јелена е во раната фаза од бременоста. Таа досега не се огласила по повод ваквите шпекулации, но медиумите пишуваат дека таа веќе води сметка за себе и целосно се има исклучено од јавниот живот.

Јелена и Саид имаат три деца, десетгодишниот Аси. година дена помладиот Хилаи и седумгодишниот Хамдан. Тие живеат со години во Дубаи. Богатството на Саид се проценува на две милијарди долари.

Scroll to Top