Поранешната Мис на светот и нејзината ќерка се позитивни на коронавирусот

Боливудската актерка и некогаш најубавата жена на светот, Аишвара Раи Бахчан, со ќерка си Арадија, се позитивни на коронавирусот. Двете, најверојатно, се заразиле преку нејзиниот сопруг и свекорот, кои претходно беа хоспитализирани поради опасниот Ковид-19.

Раи Бахчан беше прогласена за најубава жена на светот во 1994 година кога ја понесе титулата  мис на светот. Таа се ожени со актерот Абишек Бахчан во 2007 година.

Тој преку својот профил на „Твитер“ во неделата објави дека неговата сопруга и нивната осумгодишна ќерка се позитивни на коронавирусот.

Scroll to Top