Неодамна градската власт во Риека (Хрватска) се пофали со поставување две т.н. паметни автобуски станици во центарот на градот.
Станува збор за екрани кои реагираат на допир, па на нив можете да добиете информации за позициите на автобусите што ги чекате, да го погледнете возниот ред, но можете и да ги наполните вашите мобилни телефони.
По само два дена овие уреди веќе не функционираа правилно, но во меѓувреме техничките проблеми се отстранети. Сепак, некој си поиграл со системот, па проблемите продолжуваат бидејќи наместо позициите на автобусите во Риека, на екранот може да го гледате сајтот „Порнхаб“.
Станува збор за еден од најголемите сајтови со порнографска содржина на интернет. Засега не е познато како некој успеал да го направи овој сајт достапен.