Порно актерката која се самоуби живеела во пекол

По веста за смртта на 23 годишната актерка која играла во 290 порно филмови и извршила самоубиство во Камарил во Калифорнија, во вторникот утрото, по конфликтот околу хомофобијата, дојде до изразување на сочувство на социјалните мрежи од страна на пријателите и професионалците од таа индустрија, каде стојат трогателни пораки и пофалби за неа.

Вниманието особено го привлече брошурата во еден српски дневен весник, потпишан под името „Твое Високо ниво“, за кое не е познато дали е фотомонтажа или е вистинска.

Амес, чие вистинско име е Мерцедес Грабовски оставила проштална порака на родителите во која им се извинува што си го одзела себе си животот. Во извештајот на медицинскиот окружен центар во Вентура, стои дека пораката е најдена, но не се споменува сајбер малтретирањето како причина за нејзината смрт, јавува „The Sun“.

Исто така, центарот објави дека не се пронајдени траги од дрога, ниту алкохол во нејзината кола, но токсиколошките тестови се во тек. Тие, ќе откријат дали Амес извршила самоубиство.

Актерката во филмовите за возрасни Август Амес отворно проговори за своето детство и сексуалното злоставување, ментално здравје и наркоманија, само неколку недели пред самоубиството.

Била остро критикувана затоа што одбила да работи со луѓе од геј порнографијата, со актери кои во таа индустрија се познати како „кросовер изведувачи“.

Пред помалку од два месеци таа се појавила во Холи Рендал серијалот на едноставно интервју. Таму признала дека доживеала многу сексуално злоставување додека растела, но за тоа не е виновен нејзиниот татко. Вели дека раните од траумите дополнително се компликувале затоа што никој не и верувал.

 

„Беше грозно. Сеуште има периоди кога морам да се окупирам со нешто за да не размислувам за тоа и да не би паднала во депресија.  Се обидов со терапија. Го мразам светот. Мразам терапија, вели таа и објаснува дека терапијата ја мрази, затоа што терапевтите ги осудува поради тоа со кое што се занимаваат“, пишува британски Индипендент.

Зборувала за злоупотребите на дрога, откривајќи дека кога имала 15 години работела како бејби ситерка и дека татко и нудел кокаин ако се соблекла гола. Дрогата ја користела за да побегне од проблемите, додавајќи дека повеќе не пие ни алкохол.

„Кога пиев, ми паѓаше мрак во очи. Некогаш пушев премногу трева, па и со тоа прекинав. Сега само пијам вода.

Амес додала дека пиела и лекови против биполарно пореметување, депресија и пореметување од повеќекратна личност.

„Беше тоа многу тешко додека не почнав да ги земам лековите. Тоа е сериозен проблем.

Пред крајот на серијалот открила дека кога се чувствува лошо и депресивно, таа гледа стари фотографии и бара среќни автопортрети кои ги поставила на Инстаграм за своите следбеници.

Нејзиниот брат, откако дознал за нејзината смрт, ги обвини насилниците на социјалните мрежи кои ги обвинува за злоставување и смртта на сестра му.

Нејзиниот сопруг, замоли за приватност во текот на тешкиот период, но за списанието „Adult video news“, изјави: „Таа е најдобрата личност на светот која ја познавав и ми значи се на светот“.

 

Scroll to Top