Порноѕвездата Сторми Даниелс за аферата со Доналд Трамп, „Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот“

Порноѕвездата Сторми Даниелс, во подкастот Mea Gulpa, во разговор со поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, јавно зборуваше за аферата со сега веќе поранешниот американскиот претседател. Таа изјави дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.

Во подкастот, Сторми објаснила дека се договориле да се видат со Трамп во една соба, а кога таа пристигнала, тој ја дочекал речиси гол, легнат на едниот крај од креветот.

„Едноставно се смрзнав и незнав што да кажам. Беше соблечен во долна облека и легнат на крајот од креветот. Ми кажа дека ова била мојата шанса и дека треба да му покажам колку сакам да спијам со него. Во спротивно ми кажа дека ќе сум се вратела во парк со приколките“, изјавила Сторми, која потоа признала дека спиела со него.

Мајкл Коен е поранешниот адвокат на Трамп, кој во 2016 година и платил на глумицата 130.000 долари за да молчи за нивната афера. Сторми Даниел објасни дека сето тоа се одвивало додека Трамп бил во брак со Меланија. Поради тоа тој се обидел да ја заташка целата работа.

Иако Трамп ги отфрлил сите обвинувања на негова сметка, Коен, признава дека тој учествувал во давањето пари за Сторми Даниелс да молчи и дека на тој начин и нанел непотребна болка. Медиумите во САД пишуваат дека јавна тајна е дека бракот меѓу Доналд и Меланија не е идеален.

Многупати медиумите во светот пишуваа дека бракот им е пред распад и дека контроверзниот Доналд ја злоставувал и изневерувал Меланија, нешто за што неколку жени и јавно го обвинија.

 

 

 

 

Scroll to Top