Пороци на хороскопските знаци

Секој има некој порок на кој тешко му одолева. Откријте што велат ѕвездите, на што ве направиле неверојатно слаби…

Овен

Како огнен знак, Овнот сака сè што се случува брзо, па попрво бира пијалаци како виски и ракија, а кога е во можност да посети некои вински подрум сака да пие црвено вино повеќе од дозволеното. Прилично се тврдоглави, па припадниците на овој знак сакаат сè што им е забрането. Само на тој начин може да ја почувствуваат слободата. Цигарите се составен дел од ноќните излегувања, од кој тешко дека Овнот некогаш ќе се откаже.

Бик

Прва асоцијација кога ќе здогледате дебел готвач кој сака да јаде е дека е роден во знакот на Бик. Ова се личности кои сакаат да уживаат во сетилата, па храната и пијалаците им се на прво место. За биковите и љубовта е неопходна, па сè што е поврзано со неа ги тера на пороци. Телефонскиот или сајбер-секс, како и секси приказни се она што биковите го практикуваат, но само со вистинскиот партнер.

Близнаци

Близнаците се склони кон бегање од реалноста, па ги привлекуваат порнографските снимки за да се чувствуваат сигурни во себе. Може да бидат претерано привлечени од некој паралелен свет во кој сакаат да живеат сосема нов живот. Близнаците ги обожаваат предметите со материјално значење, па не е реткост да потрошат еден куп пари на некоја глупост што во моментот им изгледа неодолива.

Рак

Никотинот е составен дел од воздухот неопходен за нормално функционирање на човештвото, според мислењето на раковите. Овие личности да можат, би ги јаделе цигарите. Ракот би престанал да пуши само ако тоа влијае на неговиот физички изглед. Тие имаат и слабост кон попусти и често знаат да купуваат под влијание на некоја моментална емоција.

Лав

Лавовите веруваат дека на овој свет сè е дозволено па алкохолот, цигарите, дрогата и сексот се составен дел од нивниот бурен живот. Веруваат во својата бесмртност, па им недостасува дисциплина кога консумираат нездрава храна. Огнените знаци ги возбудува она што се случува многу брзо, па баш затоа лавовите се слаби на коцкање и ненадејни добивки.

Девица

Девиците по природа се перфекционисти и тие имаат цел телото да го доведат до совршенство. Многу претставници од овој знак се толку опседнати со својот изглед што консумираат огромни количини витамини и таблети. Девиците се склони кон бегство од реалноста, па многу лесно се предаваат на опојни дроги.

 

Вага

Вагите имаат неверојатна потреба за трошење пари, па доколку имаат кредитна картичка при рака нема да им одолеат на новите парчиња гардероба. Сакаат никотин и цигарите за нив се статусен симбол. Често остануваат приврзани за скапоцените цигари иако нивниот буџет не може да ги истрпи. Вагите ги привлекува и сексот, па како воздушен знак сакаат да гледаат т.е. се огромни воајери.

Скорпија

Скорпиите се најстрастниот знак на хороскопот кога е сексот во прашање. Можат да бидат претерано опседнати со одредена личност и подготвени сè да потрошат многу пари за да создадат совршена атмосфера за незаборавен секс. Склони се кон неверство и бројни афери. Цигарите, алкохолот и разните опиуми се само дел од предиграта, барем за скорпиите.

Стрелец

Уште еден огнен знак кој поради својата храброст запаѓа во голем број пороци. Стрелците сакаат патувања, па подготвени се да трошат огромни суми пари на луксузно уживање. Доколку финансиската ситуација не му го дозволува тоа, од стварноста бега со помош на филмови. Склон е кон лаги и симулирање болест за да ги избегне обврските. Овој знак не може да му одолее и на никотинот.

Јарец

Јарецот е опседнат со потребата да биде прв и најдобар, па неговата опсесија неретко се претвора во порок. Без оглед на тоа каква е неговата опсесија, обичните проблеми лесно може да се претворат во екстремни. Оптоварени се и со својот изглед, па не е чудно ако страдаат и од анорексија, мислејќи дека се одржуваат вити и убави.

Водолија

Водолиите поседуваат револуционерен ум кој никогаш не мирува. Тие сакаат да тестираат сè што можат на себе, па баш затоа се склони кон авантури. Ги привлекуваат сите супстанци кои инспиративно влијаат на работата на нивниот мозок, па пороците неретко ги сметаат за верски ритуали кои им овозможуваат духовен развој.

Риби

Со рибите владее Нептун, а со самото тоа нивни пороци се оние кои се поврзани со алкохолот, дрогите и супстанциите кои на кој било начин влијаат на мозокот. Многу риби може да бидат зависници од мисловни игри затоа што се сконцентрирани кон внатрешниот развој, па лесно посегнуваат по инспирација во секој облик.

Scroll to Top