Во текот на викендот Португалија ја затвори последната електрана на јаглен, девет години пред крајниот рок поставен од земјата, со што официјално престана со производство на електрична енергија од јаглен, пренесуваат странските медиуми.
Таа беше втор најголем загадувач во земјата. Дури 60-70 % од електричната енергија што се троши во Португалија доаѓа од обновливи извори на енергија.
Португалија е четвртата европска земја што престана да користи електрани за јаглен. Пртеходно, тоа го сторуја и Белгија, Австрија и Шведска.
Според целите на Португалија, земјата требало да престане да користи фосилни горива за производство на струја до 2030 година. Но, сепак таа сè уште увезува фосилни горива.
Тамошните експерти стравуваат дека приватна електрана на јаглен, која беше неодамна затворена, би можела да биде трансформирана за да гори дрвени пелети.