Последното предупредување до човештвото на Стивен Хокинг пред неговата смрт

By

Прочуениот физичар Стивен Хокинг починал на 76 годишна возраст, а една негова реченица, се чини денеска дека претставува неговото најголемо предупредување, од сите негови предвидувања и лоши работи кои говорел за иднината на човештвото. Тој минатата година во два наврати предупредил дека луѓето треба да се иселат од планетата Земја во наредните 100 години.

Во мај минатата година изјавил дека луѓето ќе мора да ја напуштат Земјата во наредните 100 години или ќе бидат принудени да се соочат со сопственото исчезнување. Хокинг објаснил дека животот на Земјата ќе биде изложен на се поголем ризик од катастрофи како што се климатските промени, пренаселеноста, епидемијата и ударот од астероид.

Во документарецот „Експедиција Новата Земја“ изјавил дека светот станува се понеподносливо место за животот во 22 век и истакнал дека идните генерации ќе мораат да пронајдат место за живот надвор од планетата.

На самитот во Тенцет „WE“ одржан во Пекинг ноември минатата година, преку видео повик предупредил дека преголемото користење на енергија ќе му се врати на човекот како бумеранг во блиска иднина.

Хокинг изјавил дека за да се спаси, човекот ќе мора да отиде таму каде никој никогаш не бил, алудирајќи на милионското истражување и инженерската програма „Breakthrough Strashot“, во која е вклучен и сопственикот на Фејсбук Марк Цукенберг.

„Идејата која стои зад оваа иновација е нанокрафтовите, роботските сонди кои се тешки само неколку грама, да се патуваат со брзина на светлосни зраци. Таквиот систем би можел да стигне до Марс за помалку од еден час, а до Плутон за неколку дена. Војаџер може да мине за помалку од недела дена и да стигне до ѕвездата Алфа Кентаури за нешто повеќе од 20 години“, истакнал Стивен говорејќи за меѓуѕвездената програма на патување и истражување на планетата која орбитира околу непознатите ѕвезди.

Стивен исто така се осврнал и на блиската технолошка иднина, велејќи дека ефикасната вештачка интелегенција може да биде најголемиот настан во историјата на нашата цивилизација, но воедно и најлошиот.

 

 

Ќе ви се допадне

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 22

4Anime Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 1

4Anime My Hero Academia

4Anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles Episode 6

4anime biz 4Anime My Hero Academia Season 2