Постигната е телепортација на рекордни 22 километри

By

Екипа од НАСА, Харвард и AT&T направила сериозен исчекор во потрагата по квантниот интернет, технологија од која се очекува на безброј начини да го револуционализира компјутерскиот свет.

Истражувачката екипа од овие угледни институции пријави дека успеала да телепортираа кубити (квантни битови) на растојание од 22 километри. Квантните битови се основни носители на квантната информација и цел тој свет е бескрајно загадочен. Квантната телепортација, имено, не вклучува пренос на материја туку на квантни честички кои се меѓусебно испреплетени дури и кога се километри оддалечени едни од други и истовремено некако знаат што се случува со другата нивна половина.

  

„На некој начин, поврзаните честички се однесуваат како дa се свесни како се однесува другата честичка. Во секој момент, тие се во квантна состојба на веројатности во која нивните параметри (позиција, моментум, вртеж) не се прецизно утврдени сè додека не постои некакво мерење. За испреплетените честички, квантата состојба на секоја од нив зависи од квантната состојба на другата. Ако една го промени однесувањето и параметрите, тоа го прави и другата“, пишува Вајс

Истражувачите велат дека рекордната телепортација им била успешна уште на пролет, но во меѓувреме сакале да ги потврдат резултатите и да излезат со несоборливи аргументи. Успехот на оваа екипа не е само во тоа што го сруши претходниот рекорд од 6 километри, туку и во тоа што се користела постоечка опрема која е компатибилна и со сегашната телекомуникациска инфраструктура и со новите квантни технологии.

Сепак, потсетуваат дека има уште многу работа на ова поле, односно дека е прерано да се распрашуваме кој провајдер нуди квантен интернет.

  

Ќе ви се допадне