Постојат релевантни и банана-медиуми. Како да ги изберете вистинските?

Во денешно време проверените и веродостојни информации стануваат луксуз, а пристапот до нив станува сѐ повеќе отежнат. Поради ова, читателите својата доверба ја вложуваат во квалитетни медиуми од кои очекуваат точни, навремени и релевантни вести за областите што се од нивен интерес.

Но, освен меѓу вистинските и лажните вести, постојат огромни разлики и помеѓу самите медиуми. Границата помеѓу релевантните и банана-медиумите за читателите сѐ почесто станува матна, а изобилството информации што секојдневно се пласира на пазарот само ја зголемуваат збунетоста и хистеријата.

Спротивно од тврдењата дека решението за овој хаос претставува пласман на помалку содржина, она што недостига е подобар квалитет при обработката на целата информативната содржина, а токму тоа е основниот принцип според кој функционира апликацијата на GRID.

Релевантните медиуми се ретки, но секогаш препознатливи по својот кредибилитет и репутација. Освен тоа што информираат, релевантните медиуми исто така и едуцираат и имаат позитивно врз својата околина за разликата од банана-медиумите, чија цел е да спинуваат и дезинформираат.

Со помош на софистицирани алгоритми и дигитални алатки апликацијата на GRID јасно ја прави дистинкцијата помеѓу релевантните и другите медиуми и им овозможува на своите читатели непречено да уживаат во кредибилни, точни и веродостојни информации. Апликацијата ви овозможува и сами да изберете кои медиуми и категории вести ќе ги следите, а тука е и опцијата за сами да направите категории од темите што се од ваш интерес.

Со помош на GRID не мора да стравувате за тоа од какви медиуми ги добивате вашите информации – апликацијата на GRID секогаш нуди огромен избор на квалитетни и релевантни медиуми, а единствениот избор што треба да го направите се областите за кои претпочитате попрво да бидете информирани.

Scroll to Top