Повратничката епизода на „Пријатели“ ќе се снима во март

Повратничката епизода на „Пријатели“, која требаше да се снима во август, но беше одложена заради короната, ќе почне да се снима во март, објави Метју Пери, кој го глумеше ликот на Чендлер.

„Обединувањето е презакажано за почеток на март. Се чини дека ќе имаме година полна со ангажмани, и тоа ми се допаѓа“, напиша Пери.

Специјалната епизода ќе ги обедини Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Метју Пери, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу во прв заеднички проект, откако заврши снимањето на серијата во 2004 година.

Епизодата ќе се снима на оригиналната сцена од серијата, ќе се прикажува на „Ејч-Би-О макс“, но засега не се знае датумот на премиеарата.

Scroll to Top