Кинезот Ли Шунји во 1994 година, го загубил својот син, во прометната улица во градот Сиан додека одел кон своето работно место. Повторно се виделе по 24 години. Солзите радосници настанале кога Ли Шунји повторно се сретнал со својот син Ли Леи, кој денеска има 27 години.
Го изгубил на 8 август 1994 година, а во петокот потрагата била завршена, по успешната идентификација со помош на ДНК анализа.
„Тргнав од дома да продава работи на мојот штанд. Не приметив дека мојот син ме следи. Дознав откако мојата сопруга Ду Ли дојде кај мене. Нозете веднаш ми откажаа“, се присетил низ солзи Ли (59).
Изгубеното момче на улицата го пронашла една двојка, а откако не успеале да го пронајдат неговото семејство, го земале со себе. Го одгледале како нивно дете.
„Комуникациските технологии тогаш не ни овозможија да побараме помош“, изјавил Ли, пишува Дејли Мејл.
Одлучил да го продаде својот штанд и почнал да патува низ целата земја за да го пронајде синот. Испечатил 180.000 известувања за исчезната личност и ги носел во најлонски вреќе низ цела Кина, до секоја покраина. За три месеци изгубил 27 килограми.
„Постојано си говорев дека не смеам да се откажам. Морав повторно да го видам мојот син“, изјавил Ли.
Среќата конечно стигна кога полицијата успеала да го идентификува Ли Леи во ДНК базата за исчезнати деца. Кога дошол свечениот момент на обединување на татко и сни, Ли повеќе не можел да издржи и почнал да плаче. Таткото паднал на колена пред сега возрасниот син.
Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк: