Познатата фотографија на Ајнштајн била направена сосема случајно

Фотографијата со исплазениот јазик на прочуениот физичар Алберт Ајнштајн настанала на една забава на 14 март во 1951 година во клубот „Принстон“, по повод неговиот 72. роденден. На прославата имало голем број гости, како и фоторепортери од медиумите.

Како што времето од забавата одминувало, Ајнштајн станал прилично изморен, но ја извршил својата должност и позирал пред фоторепортерите.

На крајот еден негов пријател се понудил да го однесе дома. Во моментите кога влегувал во возилото, еден фоторепортер викнал: „Може ли уште една фотографија!“

Фотографот Арт Сасе раскажал дека Ајнштајн кога се свртел го исплазил јазикот, а тој ја направил фотографијата, која денеска станала позната во светот.

Фотографијата му се допаднала и на самиот Ајнштајн. Славниот физичар порачал девет примероци. Некои од нив ги искористил за испраќање честитки.

 

 

 

Scroll to Top