Познатата ТикТок ѕвезда Тимоти Хол, загина додека изведуваше опасна акробација со камион

Инфлуенсерот Тимоти Хол, познат како Тимбо д Реднек (18), загинал додека изведувал опасна акробација со камион. Веста негова смрт ја потврди и неговата мајка преку ТикТок.

„Тимоти Хол повеќе нема да снима видеа, никогаш повеќе. Мојот син вчера загина во тешка несреќа и не успеа да преживее. Би сакала да им се заблагодарам на фановите што ги имаше. Го сакаше ТикТок и веруваше дека фановите го поддржуваат, тоа му значеше многу. Ве сакам, ви благодарам многу“, рече таа и ги покани сите да донираат средства на страницата GoFundMe за да можат да му организираат погреб.

Хол беше познат на социјалната мрежа Тик Ток на која имаше повеќе од 200.000 обожаватели. Неговиот зет Тони, рече дека пред загине, тој изведувал акробации во дворот на негов пријател.

„Камионот се преврте, а тој излета од прозорецот. Потоа заврши под него. Само сакам сите да знаат дека Тимбо, или Тимотеј, како и да го викате, навистина ги ценеше и сакаше своите обожаватели и пријатели“, рече Тони.

@timbotheredneck♬ original sound – Timothy

Scroll to Top