Познатите научници открија дека душата навистина постои

By

Стујарт Хамероф и сер Роџер Пенроуз дојдоа до заклучок дека душата се наоѓа во мозокот, кој го напушта човекот после смртта и останува да живее во универзумот.

Познатите научници за квантна физика успеале да дадат одговор на прашањето со кое се занимаваат сите религии и бројни филозофи: „Дали постои човечката душа?“ Американскиот доктор Стујарт Хамероф и британскиот психијатар сер Роџер Пенроуз научно докажале дека душата навистина постои.

 

Мозокот како компјутер

 

Двата експерти се автори на новата квантна теорија за свеста, според која нашите души се наоѓаат во специфични структури наречени микротубули или микроцевки, сместени во клетките на мозокот, а од таму после смртта можат да излезат и да продолжат да постојат во универзумот.

 

Доктор Хамероф од универзитетот во Аризона и Пенроуз работеле на оваа теорија уште од 1996 година кога тргнале од идејата дека мозокот е биолошки компјутер, составен од скоро 100 милјарди неврони, односно нервни клетки, и специјални таканараечени аксонски искри и синаптички врски, кои се однесуваат како информационите компјутерски мрежи. Тие сакале да докажат дека нашето свесно искуство е резултат на процесот кој се одвива во микроцевките што ги нарекле оркестрирана објективна редукција (Orch-OR).

 

Клучот е клиничката смрт

 

Експертите ги изучувале случаите на луѓето кои доживеале клиничка смрт. Нивните микроцевки од клетките на мозокот изгубиле квантни податоци, но информациите во нив не биле уништени. Со тоа Хамероф и Пенроуз потврдиле дека душата не умира туку оди некаде во универзумот.

 

– Доколку после клиничката смрт докторите успеат да го оживеат пациентот, сите квантни информации се враќаат во микроцевките, а личноста која била на самиот раб на животот тврди дека има чувство како да умрела. Личноста која навистина умира, неговите квантни информации целосно го напуштаат телото во вид на душа и продолжуваат да постојат во надворешен облик некаде во универзумот – објаснува доткор Хамероф.

Ќе ви се допадне