Познатот писател Халед Хосеини и добитничката на Нобелова награда, Малала Јусуфзаи, со поддршка за граѓаните на Авганистан

По 24 часа откако талибанците го завзедоа градот Кабул, на „Твитер“ се огласи познатиот авганистански писател кој живее во САД, Халед Хосеини, како и добитничката на Нобелова награда за мир, Малала Јусуфзаи.

И двајцата ја изразија својата загриженост за граѓаните на Авганистан.

„Шокирана сум додека гледам како талибанците ја превземаат контролата над Авганистан. Длабоко сум загрижена за жените, малцинството и заговорниците за човекови права. Глобалните, регионалните и локалните сили, мораат да побараат итен прекин на огнот, да пружат хуманитарна помош и да ги заштитат бегалците и цивилите“, напиша Јусуфзаи.

Хосеини, кој е автор на романот „Ловец на змејови“, и „Илјада чудесни сонца“, исто така имаше твит во кој напиша дека како народ Авганистанците не го заслужуваат ова што во овој момент им се случува.

„Американската одлука е донесена, а ноќниот кошмар на Авганистанците се случува пред нашите очи. Не можеме да го напуштиме народот кој четириесет години бараше мир. Авганистанските жени не смеат повторно да бидат натерани да се кријат зад затворени врати и завести. Молете се за Авганистан“, напиша Хосеини.

Scroll to Top