Празнични радости: Мал трик со кој вештачката елка ќе ви мириса како природна

 Повеќето кај нас украсуваат вештачка новогодишна елка, но ги има и оние кои преферираат природна. Доколку веќе сте накитиле вештачка елка, а сакате да ја почувствувате убавината на мирисот на вистинската елка, ние ви нудиме еден едноставен трик.

 

Се што ви е потребно се неколку мали шишарки и неколку капки етерично масло.

Земете ги шишарките и на нив ставете неколку капки етерично масло од бор или чемпрес. Вашиот дом веднаш ќе замириса на природа, на свежина, а ваквиот мирис поволно ќе влијае и на вашите бели дробови и здравјето.

Имено, докажано е дека мирисот од етеричното масло од чемпрес и бор релаксира и освежува. Покрај тоа, ова ќе ви дојде како вистинска ароматерапија, која може да ви помогне и при бронхитис, грип, воспаление на грлото, синусите и проблеми со дишењето.

Scroll to Top