Пред 25 години ја оставил сопругата и синовите, а сега го чека милионска казна

Пред 25 години Ричард Хогланд ја оставил жената му Линда со двете деца. Потрагата за него не вродила со никаков плод, па Ричард бил прогласен за мртов во 2003 година.

Но вистината е дека тој започнал нов живот под името Тери Симански и повторно се оженил и добил дете. Името го земал од еден рибар кој починал во 1991 година.

Приказната за него стигнала на насловните страни во 2016 година, кога бил уапсен во Зефирлис, каде живеел со неговата втора сопруга.

Тој неодамна бил принуден да се појави на сослушување за неплатената алиментација од втората сопруга. Сумата која судијата му ја одредил да ја плати изнесува 1,86 милиони долари.

Тогаш било утврдено дека Ричард го украл идентитетот и бил осуден во мај 2017 година. Наредниот месец повторно завршил на суд, затоа што Линда неговата прва жена, побарала да и ги исплати парите за алиментација која не ја плаќал од денот кога ги напуштил со сновите Метју и Далас, а кои тогаш имале 6 и 9 години.

За да се извлече, тамошните медиуми  наведуваат дека се појавил прилично скромно облечен, но дека тактиката не вродила со плод.

Сепак останува прашање дали оштетата ќе биде исплатена, затоа што целиот негов имот е даден како влог и за разводот од новата втора сопруга.

Scroll to Top