Пред 40 години го бакнала принцот Чарлс, а денес не сака ни да се поздрави

Британскиот принц Чарлс повторно се сретнал со жената која го бакнала пред речиси 40 години, пишува Би-Би-Си.

Леила Шервуд во 1979 година осамнала на насловните страни кога како 14 годишна девојка, младиот принц од Велс го бакнала во образ на аеродромот во австралискиот град Каирнс.

Чарлс оваа недела престојува во посета на Австралија, а во недела бил на миса и ја посетил прашумата покрај тој градот на североистокот од Австралија. Госпоѓата Шервуд го чекала пред црквата Свети Иван Еванѓелие, за да повторно го сретне принцот.

Педесетичетири годишната жена му ја покажала фотографијата од старите весници на кои се гледа историскиот бакнеж.

„Ме фати за рака и ми рече – „Бог да те благослови“ – Не сакав да му ја пуштам раката“, изјавила Шервуд.

Принцот потоа прошетал низ прашумата Даинтре каде се сретнал со Абориџините од племето Куку Јаланиј. На агендата му била и посетата на аеродромот „Летечки доктор“, во Каирнс која им овозможува помош на жителите од зафрлените делови во Австралија.

Британскиот престолонаследник имал напорна недела во Австралија каде претходно ги отворил и „Игрите на Комонвелт“. На приемот во Бризбејн се пошегувал на сметка на неговиот надоаѓачки 70 роденден.

„За жал знам како е тоа. Чудно чувство на неверување дека тоа навистина се случува и дека повеќе никогаш, како на пример, нема да можам да облечам костим за капење“, се пошегувал Чарлс.

Повеќе фотографии на следниот линк:

 

 

 

Scroll to Top