Пред една година регистриран е првиот случај на коронавирус: Се почна од 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи

Пред точно една година, беше регистриран првиот случај на коронавирус. Станува збор за 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од овој вирус.

Кога беше забележан првиот случај, никој не ни замислувал дека вирусот ќе преживее толку долго, а камоли дека толку многу луѓе ќе умрат од него.

Нулта пациентот е регистриран, според China Morning Post, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи.

Тоа е повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во Вухан.

Научниците се сомневаат дека Ковид-19 преминал од лилјак на друго животно што подоцна го консумирал човекот, па затоа почнало да се шири меѓу луѓето.

Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, биле пријавувани по неколку пациенти секој ден, а на 15 декември 2019 година тој број бил 27.

Бројките потоа почнаа вртоглаво да се зголемуваат, а заразата ја помина кинеската граница.

Иако повеќе од 38 милиони луѓе се опоравиле за една година, вирусот не стивнува и се чини дека врвот допрва доаѓа.

Денес, најнаселената земја во светот, од каде започна сè, бележи неколку случаи на ден, додека во САД има и по 150 000 новоинфицирани, а некои европски земји над 40 000.

За споредба, нешто повеќе од 86.000 луѓе се заразени во Кина од почетокот на пандемијата, а 4.634 починале.

Во моментов, најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.

Scroll to Top