Премиерот на Индија со јога против короната

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, смета дека јогата е одлична за зајакнување на имунолошкиот „заштитен оклоп“ против коронавирусот. Моди е познат по тоа што редовно ја практикува оваа древна индиска техника, па сега им ја препорача јогата и на своите граѓани преку порака што ја испрати на „Јутјуб“.

„Никаде во светот досега не е откриена вакцина за Ковид-19. Затоа само силниот имунолошки систем може да биде заштитен оклоп или чувар за нас и членовите на нашето семејство. Јогата е наш сигурен пријател во изградбата на тој заштитен оклоп“, рече Моди.

Индискиот лидер, е вегетаријанец и голем противник на алкохол. Тој основаше Министерство за јога, ајурведа и други методи на традиционално лекување кога дојде на власт 2014 година.

Scroll to Top