Премиерот на Јапонија си поднесе оставка поради здравствени причини

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе си поднесе оставка поради нарушената здравствена состојба. Тамошните медиуми пренесуваат дека тој ја напуша функцијата и ќе ги остави недворешни некои од работите кои им ги ветил на граѓаните.

Абе во ноември 2019 година стана премиер на Јапонија со најдолг мандат во историјата, но веќе ова лето, неговата популарност значително опадна поради лошото менаџирање со пандемијата на Ковид 19 и серијата скандали, како апсењето на екс министер за правда, пренесува „Ројтерс“.

Шинзо Абе првпат стапи на премиерската должност во 2006 година, како најмлад премиер во послевоената историја на Јапонија, но само година дена од стапувањето на должноста, притиснат од политичките скандали, тој одлучи да си поднесе оставка.

Пет години по оставката во 2009 година, Абе ја врати својата конзервативна Либерална-демократска партија на власт, а со премиерската позиција, ја покрена и програмата за економска консолидација со цел да се надмине упорната дефлација, да се оживее економскиот раст и да се направат структурни реформи, со цел Јапонија подобро се избори со намалувањето на бројот на население и стареење на нацијата.

За време на годинашната пандемија со коронавирусот, Абе го обвинија за несоодветно раководење на вонредната ситуација и недостаток на политички авторитет.

Агенцијата „Јији“ ја пренесе неговата изјава, во која, меѓу останатото тој изјавил дека не сака да предизвикува повеќе проблеми на неговата партија со изненадувачката оставка, но дека е приморан да се повлече поради влошената здравствена состојба и хронични болести.

Најавата за неговата оставка предизвика големо изненадување, како во партијата на чие чело е тој, така и на финансискиот пазар, каде јапонските акции бележат пад на вредноста.

Scroll to Top