Новиот кинески беспилотен авион достигнува брзина побрза од звучниот сигнал. За него експертите велат дека би можел да биде ноќен кошмар за американските одбранбени системи.
За авионот Dark Sword („Темен меч“) се зборува веќе со години, а сега е објавена и неговата прва фотографија.
Црниот сјаен челичен авион има вентил за воздух од предната страна, карактеристичен за надзвучните млазни авиони, што значи дека ќе може да достигне брзина од 1.190 километри на час, а актуелната максимална брзина на беспилотното летало е 480 километри на час.
Авионот има вертикални стабилизатори во задниот дел, нешто слично како и американскиот воен авион „Ф22“. Со него бргу и полесно се маневрира.
Поради тоа, веројатно, ќе биде користен како ловец, а не како извидувачки дрон или носач на прецизни ракети, како што е американското беспилотно летало „MQ-1 предатор“.
„Доколку се произведува во поголем број, во најмала рака би можел да ги привлече ракетите од американските воени авиони, а во најдобар случај и самиот функционира како ловец“, оценил експертот од британската војска Џастин Бронк.
Американскиот весник „Драјв“ предупредува дека не е познато кога фотографијата е направена и не ја исклучува можноста да станува збор за лажен објект што е професионално изработен.