Принцезата Дијана ќе биде присутна на венчавката на Хари и Меган

На венчавката на принцот Хари и Меган Маркл силно ќе се почувствува отсуството на принцезата Дијана.

Сепак, малите детали во планирањето на венчавката јасно покажуваат дека Хари сака да го чувствува присуството на својата мајка на најважниот дел од животот.

Тој минатата година во ноември изјави дека доколку мајка му била жива, таа би била најдобра пријателка со неговата свршеница Меган.

Но, што направил Хари за да ѝ оддаде почит на својата мајка на венчавката.

Накит

Хари во свршеничкиот прстен за Меган, кој сам го дизајнирал, вклучил два дијаманта од колекцијата на накитот на Дијана, а како што и самиот изјавил, би сакал да обезбеди таа да биде со нив на лудото патување.

Освен тоа, постојат и наводи дека Меган на венчавката ќе го носи превезот на главата која го носела и принцезата Дијана на венчавањето со принцот Чарлс.

Цвеќе

Црквата во која ќе се одржи венчавањето ќе биде украсено со бели ружи. Омиленото цвеќе на принцезата Дијана.

Гостите

Двојката на венчавката ги повикале помладиот брат на Дијана и нејзините две постари сестри Сара и Џејн, на која ѝ е укажана честа да ја изврши церемонијата со читањето.

„Принцот Хари и госпоѓицата Маркл се чувствуваат почестено што Џејн ќе го претстави своето семејство и ќе помогне да се слават спомените на покојната принцеза на денот на венчавката“, соопштиле од палатата.

Невестата

Многумина ги забележале сличностите меѓу покојната принцеза Дијана и избраничката на Хари, Меган.

Меган како и Дијана е посветена на хуманитарната работа.

Иако морало да ја пресече врската со организацијата со која била блиска во минатото како што се UN Women и World Vision додека се подготвувала за својата кралска улога, Маркл јасно ставила до знаење дека има намера да ја продолжи својата хуманитарна работа и по венчавката.

 

Scroll to Top