Принцот Хари и Меган Маркл добија костими за капење со својот лик

По едноделните костими за капење со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, сега се појавија и модели на кои се насмевнуваат принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл.

Компанијата „Бегс оф лав“ промовираше колекција на едноделни костими за капење, а најмногу внимание привлекоа два модела – еден со Хари, а другиот со ликот на Меган.

Освен стандардната апликација, брендот и нуди на купувачите сами да одберат слика по желба од Хари или Меган, која би сакале да ја стават на својот костим за капење.

Цената на овој производ изнесува 38 долари.

Scroll to Top