Пристигнуваат студените денови – од следната недела драстична промена

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини ќе има појава на магла, особено претпладне.

Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. Температурата ќе достигне до 12 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови.

В недела попладне најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и снег ќе има и в понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите.

 

Scroll to Top