Продадени преку 4 милиони билети за СП во фудбал во Русија

Преку четири милиони билети се веќе продадени за натпреварите од Светското првенство во фудбал што ќе се одржи оваа година во Русија. Светското првенство ќе почне на 14 јуни и ќе трае еден месец.

Повеќето билети ги купиле руски навивачи. Од странците, пак, најзаинтересирани се Германците, пред фановите од Аргентина и Мексиканците.

Следната тура билети за кои ќе може да се аплицира преку интернет ќе бидат пуштени во продажба на 31 март. Апликациите за билети ќе можат да се пуштаат до 3 април.

Scroll to Top