Со продажбата на сопствениот измет можете да заработите 10.000 евра

Од австралискиот центар за дигестивни болести бараат луѓе со здрава столица за да може да извршат трансплантација на микрооргазнимите од нивните фекалии и на тој начин да им помогнат на луѓето со медицински проблеми, а најдобро од сето тоа е што за ваквата работа се плаќа.

Секако, главниот услов е столицата да биде совршено здрава, а потенцијалниот донор во исхраната не смее да користи пченка, шунка, колбаси, школки и антибиотици. Уште еден од условите е донорот да живее релативно во близина, односно да е оддалечен најмногу еден час од центарот затоа што фекалиите мора да бидат посвежи“, пренесува „Дејли телеграф“.

Како што стојат работите, побарувачката е навистина голема, а листата на донори е многу мала и не ги задоволува потребите што центарот ги има. Поради тоа, овој центар одлучил да им плати на луѓето што се подготвени да донираат столица, и тоа 40 евра од една испорака, а бидејќи испораките се примаат пет дена во неделата, поединци би можеле да зарабтат и до 10.500 евра годишно.

Микроорганизмите од столицата може да помогнат во низа медицински проблеми, меѓу кои и мултипла склероза и хронична дијареја, па затоа не чуди што лекарите на ваков начин ги потикнуваат луѓето на донирање фекалии.

Scroll to Top