Продолжува АВАНТУРА-та со Државна лотарија на Македонија  

Втората серија на инстант лозот АВАНТУРА  на Државна лотарија на Македонија  донесе уште една премија , овој пат во Гевгелија . Автомобилот KIA SPORTAGE од оваа серија е изгребан на продажното место МОНТЕ –МК во Гевгелија, место во кое досега се изгребани неколку поголеми добивки од инстант лозовите на Државна лотарија на Македонија. И овој пат добивката , автомобилот отиде во рацете на редовни играчи од Гевгелија. Семејството Мешкови се постојани играчи на игрите на среќа и до сега  се добитници на неколку пониски добивки . Овој пат во гевгелија клупиле два лоза , од кои едниот имал замена па се вратиле по уште еден лоз АВАНТУРА, кој им го донел автомобилот. Вчера (30.01.2018) им беа врачени клучевите од автомобилот, а тие беа пресреќни , весели и насмеани, и им порачаа на сите играчи на игрите на среќа да не губат надеж и да трагаат по својот добитен инстант лоз.  Среќата и насмевката на лицата на добитниците, ја оправдува мисијата и визијата на постоењето на Државна лотарија на Македонија.

       

Инаку , Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки . Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!

 

 

Scroll to Top