Продолжува „авантурата“ со Државната лотарија на Македонија  

Втората серија на инстант-лозот „авантура“ на Државната лотарија на Македонија ја донесе првата премија во Скопје. Првиот „киа спортаж“ од оваа серија е изгребан на продажното место на Државната лотарија на Македонија во скопски „Сити мол“. Добитникот првпат решил да купи и да изгребе инстант-лоз, а за инстантите на Државната лотарија на Македонија знаел од својот другар кој секојдневно гребел инстант-лоз. Почетничката среќа му се насмевнала најпрвин со инстант-лозот „дијамант“, на кој добил 200 денари, кои повторно ги вложил во инстант-лозови, но овој пат купил „авантура“. Лозот „авантура“, пак, бил уште посреќен за него и му донел три симболи на автомобил, кои значеле „киа спортаж“. Мирослав и неговиот другар Тихомир најпрвин ги посетија просториите на Државната лотарија на Македонија, каде што ја потврдија добивката на автомобилот, а потоа во „Сити мол“ ги добија и клучевите од својот нов автомобил.

        

Инаку, Државната лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант-лозот „авантура“, на пазарот ја пласира и втората серија од овој инстант-лоз, кој покрај главната премија, автомобил „киа спортаж“, нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за 60 денари да возите нов „киа спортаж“.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во „авантура“ и изгребете „киа спортаж“!

 

Scroll to Top