Професорката Каракутовска наградена со „Оскар“ за хармоника

Универзитетската професорка по хармоника од Факултет за Музичка Уметност (ФМУ), Зорица Каракутовска, синоќа во театарот Ла Нуова Фениче во градот Осимо, Италија, ја доби светската награда CIA Merit Award за 2017 година.

Наградата се доделува година од 1963 година, а проф. Каракутовска е најмладата добитничка досега и единствена од Македонија. Ова е меѓународно признание кое се смета за Оскар за посебни заслуги и постигнати успеси во светот на хармониката.

Секоја година, Светската унија на хармоникашите доделува награди на истакнати музичари. Годинава, на зимскиот конгрес кој се одржа во Нирнберг, Германија, престижната Мерит награда ѝ ја додели на проф. Каракутовска, Претседателка на македонското здружение на хармоникашите.

Со добивањето на оваа награда, проф. Каракутовска се најде во елитата на хармоникаши со Јури Шишкин, Фридрих Липс, Вјачеслав Семјонов, Анатолиј Кусјаков, Мика Вауринен и други. Наградата ѝ беше доделена на гала-концерт во рамките на 70-та јубилејна манифестација „Куп Мондиале“ кој се одржува деновиве во Осимо, Италија.

Scroll to Top