Прогласени најубавите земји на светот – дали и Македонија е меѓу нив?

Нивните диви плажи ги оставаат луѓето без здив, длабоките езера и прекрасните замоци важат за едни од најубавите занимливости на светот. Шкотска е прогласена за најубава држава на светот. Оваа титула ѝ ја доделија читателите на влијателниот светски туристички водич Rough Guide.

На листата се најдоа 20 земји, а Шкотска е земја што се издвојува од сите други.

Еве кои земји стигнаа на листата во првите 10, а се благодарение на единствената природа и богатство.

Канада

Оваа земја е на второто место. Кога ќе се спомене, луѓето првин помислуваат на дрвјата и на јаворовиот сируп. Но, Канада има да понуди и сурова убавина и величествени пејзажи.

 

Нов Зеланд

Тој е на третото место и тоа целосно заслужено. Оваа земја може да се пофали со прекрасни брда, планини и фјордови, но и разнолики пејзажи, кои ги красат двата острова.

 

Италија

Малку која земја добива такво признание како Италија. За нејзините градови и пејзажи се зборува наголемо, а нејзините градови се богати со историја.

Јужна Африка

Ова е единствена африканска земја што се најде на листата. Голема е колку Франција и Шпанија заедно и несомнено е убава. На социјалните мрежи како посебен бисер на Јужна Африка се истакнуваат нејзините прекрасни плажи.

 

Индонезија

Оваа земја има навистина импресивни природни пејзажи и разни култури. Нејзините острови и планини се нешто што туристите непрекинато го посетуваат.

 

Англија

Многумина ќе речат дека не постои поубава слика од англиските пејзажи и езера. Оваа држава барем според мислењето на туристите има единствена убавина.

Исланд

Оваа земја обилува со посебна енергија и дух. Нејзините црни плажи, жешките извори и вулканските планини се нешто најубаво што постои. Секој што ќе ја посети оваа земја ужива во необична убавина и драматични пејзажи.

САД

Во вака голема земја тешко е да се издвои што е најубаво. Особено се истакнуваат националниот парк „Јосемит“ и Големиот Кањон, а оваа земја доста вложува на зачувување на својата природна убавина.

 

Велс

Оваа земја има воодушевувачки убави шуми и планини, а на сите им се препорачува да ги посетат нејзините градови и замоци, кои ја отсликуваат историјата на секој чекор.

Но, потребно е да се нагласи дека оваа листа не ги заобиколува ни земјите од Балканот затоа што дури две држави се најдоа на неа.

На 11. место се најде убавата Словенија, а туристите нагласуваат дека нејзините адути се планините, шумите, езерата, бреговите, старите градови, пријателските луѓе и сјајната храна.

Хрватска го зазема 19. место благодарение на својот прекрасен брег, а особено градовите како што се Дубровник и Сплит, кои секоја година ги посетуваат сѐ поголем број луѓе.

 

Scroll to Top