Дури и самиот Гугл, како најсреќен човек на светот го наведува Метју Рикард, 69 годишниот тибетански монах, со потекло од Франција, а ласкавата титула воопшто не ја добил случајно.
Метју учествувал во 12 годишно истражување на мозокот во стојба на медитација на сочувство, кое ја водел научникот неуролог од Универзитетот во Висконсин, Ричард Давидсон. Тој со години за главата на Метрју, држел прикачени 256 сензори и открил дека кога медитира за сочувство, а неговиот ум бил неверојатно „лесен“.
„Скеновите на мозокот покажувало дека кога медитира за сочувство, неговиот мозок, медитира одредено ниво на гама зраци, поврзани со светлост, внимание, учење и паметење, нешто со кое што досега никогаш не се соочиле во неурологијата во стручната литература. Така се воочуваат силните мозочни активности во левиот дел од мозокот, многу повеќе од десниот, давајќи му така неверојатно количество на капацитет за среќа и прогресивна позитивност“, објаснува Давидсон.
За Метју, се е работа на алтруизам. Затоа што ако постојано мислите за себе, како себе да се усреќите, како да имате што повеќе пари, како да бидете подобри од другите, сето тоа е страшно исцрпувачки, сресно, и на крајот води до незадоволство и несреќа.
„Не е работата во моралноста, туку во фактот дека ако секој ден мислите само „јас,јас, јас“, многу е користољубиво и всушност мизерно, затоа што така го инструментализирате цел свет и го доживувате како размена, трговија или потенцијален интерес за себе“, вели монахот.
„Се разбира, не треба да дозволите да некој ја искористува вашата добрина, но ако вашиот ум постојано е во состојба на добронамерност и солидарност, тоа е здрава состојба на умот, која е многу продуктивна и стабилна“, додава тој.
Но, сето тоа делува убаво во теорија, но како лицето во денешниот свет може да биде добронамерно и алтуистично, без да вплива во себичните мисли?
Почнете да го тренирате својот ум како што тренирате да трчате или вежбате
Мејту верува дека секој од нас има способност да има „лесен“ ум затоа што кај секој од нас лежи потенцијал на добрина, доколку се разбира не станува збор за убиец кој има хемиска промена во мозокот, поради што за таквите луѓе ова не важи.
Па на тој начин, како што и маратонецот би истрчал маратон тој мора секој ден да упорно и без исклучок да тренира и да го зголемува капацитетот на своите мускули и плуќи, така што луѓето кои сакаат да бидат среќни мораат да го тренираат својот ум. За тоа е најдобрата пракса на медитација, смета среќниот монах.
„Почнете со тоа дека секој ден ќе одвоите 10-15 минути мислејќи на „среќните мисли“. Воглавно кога во текот на животот ќе почувствуваме среќа или љубов, набрзо нешто ново ќе се случи и мислите ќе ни одлутаат понатаму. Но, токму сега треба да се сконцентрираме и да не дозволиме да среќните мисли ни „побегнат“, и да нешто ни го одвлече вниманието од позитивните мисли и емоции. Треба да вежбаме што подолго да го задржиме, и да во целост се освестиме. Па дури и ако самите не дојдат, треба да пронајдеме нешто што ќе не насмее или ќе направи да се чувствуваме убаво, ако треба и процесот да го повториме“, објаснува тој.
Среќниот монах тврди дека ако оваа техника ја повторуваме две недели секој ден, ќе почувствувме мошне позитивни ментални резултати. А, ако истата работа ја прктикувате 50 години, како на пример, баш како „нашиот“ среќен монах, можете да станете вистински „професионалец во среќата.