Проколната вила има 200 врати кои не водат никаде

Сара Винчестер наследила огромно богатство по смртта на нејзиниот сопруг Вилијам во1881 година. Вдовицата наследила 20 милиони долари со кои изградила огромна куќа во Санта Клара, Калифорнија.

Кога останала сама станала депресивна поради губењето на својот сопруг и решила да изгради палата, па на тој начин да ѝ се одвлече вниманието од болката.

Добро платените градежни работници секојдневно ѝ ги исполнувале желбите на својата газдарица, пишува „edition.cnn.com.

Така настанал Дом Винчестер, кој има 300 соби на преку 7 ката, 13 бањи и две балски сали, 6 кујни, 47 камини, 2 подрума, 3 лифта… Сара смета дека ја прогонуваат духови убиени од пушката на моделот „винчестер“, кој го изумил нејзиниот сопруг Вилијам.

Куќата е дизајнирана за да може да контактира со духови со помош на табли кои ѝ давале инструкции, па поради тоа куќата се смета за проклета. Со духовите наводно комуницирала во Сината соба, каде што се наоѓале нејзината маса, стол, плакар, пенкало и хартии.

Сара наредила и да се постават врати кои никаде не воделе за да ги намами духовите, но и за да побегне од нив. Поради тоа вилата има 2000 врати и преку 10.000 стаклени панели, но и врата што лебди над кујната. Некои соби дури имаат прозорци кои гледаат во другата соба.

Легендата вели дека никогаш не спиела во иста просторија две ноќи по ред за  духовите да не можат да ѝ најдат трага. Повеќепати барала да се направат скали кои не водат никаде, само до плафонот.

Ниту една од двете балски сали не е искористена.

Сара сакала црвено дрво, но мразела боја и сè морало да биде прекриено. Нејзиниот омилен мотив била шарата на пајакова мрежа, што може да се види насекаде низ куќата.

Винчестер вилата по многу години е намалена на 4 ката и 160 соби. Овој прекрасен примерок од викторијанската уметност е опремен со парно греење, модерни тоалети, па дури и хоризонтален лифт.

Сара починала во 1922 година и зад себе оставила цело богатство. Биле потребни недели да се исчисти сè што ѝ припаѓало. Вредноста на мебелот во  една соба изнесувал преку 25.000 долари, денешни 400.000.

Денеска во вилата уживаат  многу туристи за кои се организираат специјални тури.

Видете како изгледа денеска:

 

Scroll to Top