На 12 октомври ќе се одржи промоција на книгата „Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин. Издавач за Македонија е издавачката куќа „Ѓурѓа“ во соработка со Државната агенција за меѓународна соработка на РФ и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
За книгата и за авторот на промоцијата ќе говорат Емилија Гелева, автор на предговорот на македонското издание на книгата и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.
„Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин е прв наслов во новата едиција на „Ѓурѓа“, „Сиот свет е сцена“, при што на читателите ќе им бидат претставени наслови од и за истакнати актуелни политичари од целиот свет.