Промовирана поштенска марка со ликот на Блаже Конески

По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, во јавноста беше промовирана поштенска марка со неговиот лик,  дело на академик Димитар Кондовски. Поштенската марка е испечатена во 6.000 примероци и со ова „Пошта на Македонија“ се вклучи во одбележувањето на јубилејот посветен на раѓањето на академик Конески. Вредноста на оваа поштенска марка е 72 денара.

Директорот на „Пошта“ на промоцијата рече дека оваа поштенска марка, најверојатно, ќе биде предизвик на филателистите да ја купат и да ја стават во својата колекција.

Промоцијата на поштенската марка е дел од програмата на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која се одвива под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука.

Стогодишнината од раѓањето на македонскиот академик е запишана и во календарот на јубилеите подржани од УНЕСКО.

Scroll to Top