Пронајдена порака од Првата светска војна испратена по гулаб

Француска двојка пронашла минијатурна капсула со порака од пруски војник, кој ја испратил пред повеќе од еден век преку гулаб писмоносец. Тие ја однеле во музејот во Орбеј, кој е посветен на една од најкрвавите битки во Првата светска војна. Пораката е на германски јазик, а датумот на белешката не е јасен, но се чини дека е напишана или во 1910 година или во 1916 година.

„Пораката од пешадиецот стациониран во Ингерсхајм, детаљно ги опишала воените маневри и била пратена до неговиот надреден офицер“, рекол Доминик Жарди, кустос на музејот Линж во Орбеј, пренесува „Скај њуз“.

Во тоа време Ингерсхајм – сега во францускиот регион Гранд Ест – бил дел од Германија. Жарди, кој рекол дека ова е „исклучително ретко“ откритие, па замолил пријател од Германија да му помогне да ја дешифрира пораката.

Scroll to Top