Пронајдени гробници во Египет стари 2000 години

Подрачјето долго време служело како голема гробница…

Археолозите на југот на Египет, откриле три гробници стари преку 2000 години, пренесува BBC.

Пронајдени се во подрачјето на Ал-Камин ал-Сарави, во покраината Миња, јужно од Каиро. Во гробницата имало неколку различни саркофази и парчиња глина.

Египетското министерство за археологија соопшти дека откритието „покажува дека тоа подрачје долго време служело како голема гробница“.

Во една гробница, до која археолозите дошле низ пукнатините во карпите, имало четири саркофази, украсени со гравирани човечки ликови. Во друга, се откриени четири гробни места, вклучувајќи и едно детско.

Според парчињата глина, гробиштата датирале од периодот меѓу 27 династија, втемелена во 525 година пред Христос, и грчко римската ера која траела од 332 година пред нашата ера до 4 век.

Али ал-Бакри, водачот на мисијата, изјави дека во една гробница пронајдени се коски од жени, маж и деца во различна доба.

„Во гробницата имало големи гробишта во склоп на големиот град, а не касарни, како што некои сугерираат“, дополни Али и наведе дека активностите со откривањето на новите тајни продолжуваат“.

Археолошките работи на тој локалитет почнаа во 2015 година.

 

Scroll to Top