Првата промена на пол во Југославија се случила во 1936 година

Првата операција на промената на полот на просторите на поранешна Југославија е објавена уште во далечната 1936 година во Сараево, во државната болница, на чие место денеска се наоѓа Универзитетскиот клинички центар.

Болницата е основана 1894 година и уште тогаш е направен сложениот хируршки терапевтски зафат по примерот на клиниките во развиените европски земји.

Еден таков, секако револуционерен, се случил 1936 година кога е извршена операцијата за промена на полот. Петнаесетгодишната Алмаза Поповиќ станала тогаш Енвер Поповиќ.

Имено, како што пишуваше југословенскиот весник „Време“, специјална комисија утврдила дека некои полови органи ѝ се недоволно развиени и дека повеќе ѝ се изразени органите на маж отколку на жена. Исто така, комисијата навела дека ѝ биле развиени сите машки секундарни органи.

Операцијата ја извршил доктор Омер Бахтијаревиќ, инаку во тоа време познат хирург, угледен граѓанин на Сараево, а своевремено и претседател на хуманитарното друштво „Мерхамет“.

Весниците тогаш пишувале дека Алмаза пристигнала сама во болницата, а дека Енвер по операцијата изјавил дека денот кога му бил утврден полот е еден од најсреќните во животот.

 

 

Scroll to Top