Првата шведска премиерка си поднесе оставка само неколку часа откако беше избрана

Шведската премиерка Магдалена Андерсон, си поднсе оставка само неколку часа откако беше избрана. Таа оставката ја поднесе откако парламентот не го поддржа владиниот предлог буџет, а коалициониот партнер Зелените, ја напушти малцинската влада.

„Станува збор за почитување, но, исто така не сакам да водам влада чиј легитимитет може да се доведе во прашање“, рече Андерсон на конференцијата за новниари.

Таа го извести претседателот на парламентот Андерас Норлен, дека и понатаму е заинтересирана да ја води еднопартиската социјалдемократска влада. Таа рече дека коалиционата влада треба да поднесе оставка ако некоја партија излезе од владата.

И покрај тоа што парламентарната ситуација е непроменета, потребно е повторно да се гласа. Претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен рече дека ја примил нејзината оставка и дека по разговорот со лидерите на партиите, утре ќе ги соопшти понатамошните потези.

Владиниот предлог буџет е одбиен во корист на предлогот на опозицијата меѓу кои е и десничарската партија Демократи. Зелените соопштија дека се подготвени повторно да ја поддржат Андерсон во новото гласање за избор на премиер.

Усвоениот буџет е заснован на предлог на владата, но, од 8,2 милијарди долари, кои владата сакаше да ги потроши на реформи, нешто повеќе од 2 милијарди долари ќе бидат прераспоредени следната година, јави шведската телевизија SVT.

Буџетот има за цел намалување на даноците, зголемување на платите на полициските службеници и поголемо издавојување за различните сектори на шведскиот правосуден систем.

 

Scroll to Top